Националниот парк Пелистер и Ски центарот Копанки официјално ја отвораат ски сезоната, со што љубителите на зимските спортови повторно ќе можат да уживаат во снежната идила на Пелистер.

Во првата фаза од сезоната, во функција ќе биде пуштена горната ски стаза кај ски-лифтот. Скијачките активности ќе се одвиваат во текот на викендите – петок, сабота и недела, во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

По повод отворањето, организаторите најавуваат промотивен ден во петок, кога скијањето ќе биде бесплатно за сите посетители.

Ски центарот Копанки ги поканува сите граѓани и посетители да бидат дел од почетокот на сезоната и да ја почувствуваат вистинската зимска атмосфера, комбинирана со природните убавини на Пелистер.

Настанот е во организација на ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола и Хотел Молика Пелистер.

Организаторите повикуваат радоста да се сподели и со пријателите, за заедничко уживање во снегот и зимските спортови.


1112

Задолжително

Verified by MonsterInsights