24 години без Петранка Костадинова
Петранка Костадинова Дојчиновска (1948, Сомбор — 3 февруари 2002, Скопје) беше една од најпознатите естрадни уметници-изведувачи на македонската народна и новокомпонирана песна.
Речиси сиот свој живот Петранка Костадинова беше слободен уметник, иако својот живот го заврши како членка на Ансамблот за народни песни и игри „Танец“. Во својата триесетгодишна кариера, Петранка учествуваше на речиси сите фестивали за новосоздадена песна, од кои ќе останат запаметени нејзините песни: “Леонид со мајка вечера”, “Мајсторе, мајсторе”, “Две калинки”, “Слушни ја сестро песната”, “Мајка” и други.