ПЕЈАЧОТ АЛЕН ХАСАНОВИЌ УПАТИ АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВО НА КОЕ МУ ИЗГОРЕ КУЌАТА
Почитувани граѓани,
Со длабока загриженост ве информираме дека нашите сограѓани Даил и Сафет претрпеа голема несреќа, нивниот дом целосно изгоре во пожар, по што останаа без покрив над глава и без основни услови за живот.
Во овие исклучително тешки моменти, упатуваме отворен апел за помош и солидарност до сите жители на село Лажани, до соседните населени места, до граѓаните од целата држава, како и до нашата дијаспора ширум светот. Секој кој е во можност, во рамки на своите можности, може да помогне со финансиски средства, градежен материјал или каква било друга форма на поддршка.




Секоја помош е значајна. Со заедничка човечност и поддршка можеме барем делумно да им ја олесниме оваа голема животна мака и да им помогнеме повторно да застанат на нозе.
Контакт лице:
Даил Бекироски – 070 653 822 ![]()