29-то издание на Меѓународниот туристички саем ЕМИТТ во Истанбул
Свечено започна 29-тото издание на Меѓународниот туристички саем ЕМИТТ во Истанбул, каде Македонија се претставува со свој штанд. Македонската презентација се реализира во соработка со националниот координатор за туризам, Акан Махмут, преку промоција на културата, историското наследство и туристичките содржини пред меѓународната публика.
Саемот, со над 650 изложувачи од 109 земји и околу 24 000 посетители, претставува значајна платформа за промоција, размена на искуства и воспоставување нови партнерства, како и можност да се зајакне видливоста и потенцијалот на Македонија како културна дестинација.