ОПШТИНА БИТОЛА ПРАТИ ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

ФБ статус на градоначалникот Тони Коњановски:

По контактите со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски и во координација со командирите на противпожарните единици на Битола и Кичево, обезбедивме и испративме помош во поплавените региони во Општина Кичево.

Од територијалната противпожарна единица на Битола испратени се 4 пожарникари со едно возило, со 3 потопни пумпи, 1 моторна пумпа за испумпување на вода, црева, агрегат за струја и дополнителна опрема.

Како градоначалник и како Општина стоиме на располагање и за друга помош доколку е неопходна и изразив надеж за што поскоро санирање на состојбата.


1129

Задолжително

Verified by MonsterInsights