Владата одобри именување на девет нови амбасадори

Владата на вчерашната седница донесе одлука за именување на девет нови амбасадори, кои во наредниот период треба официјално да стапат на должност во дипломатско-конзуларните претставништва на државата. Станува збор за комбинација од кадри со искуство во невладиниот сектор, професионални дипломати од Министерството за надворешни работи, како и поранешен министер, објави ТВ24.

Според информациите, Орхан Муртезани е предложен за амбасадор во НАТО, додека Илина Мангова ќе ја претставува државата во Обединетото Кралство, со седиште во Лондон.

Линда Саљиеска Иљазоска е кандидатка за амбасадорка во Хаг, Крум Ефремов е предвиден за амбасадор во Бугарија, а Габриел Атанасов ќе ја преземе функцијата во Романија.

Веле Трпевски заминува за амбасадор во Тирана, Андријана Цветковиќ во Токио, Димитар Блажевски во Киев, а Фадиљ Зендели во Копенхаген.

Именувањата следуваат во период на засилени дипломатски активности и очекувања за продлабочување на билатералната соработка, како и унапредување на позицијата на државата во меѓународните организации. Согласно процедурите, амбасадорите треба да ги поминат предвидените формалности пред преземањето на функциите.


1177

Задолжително

Verified by MonsterInsights