Дел од битолска населба Карпош денес без вода поради дефект
Дел од жителите на битолската населба Карпош денеска (18 февруари 2026 година, среда) ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа.
Според информациите од надлежните служби, прекинот на водоснабдувањето ќе ги опфати дел од корисниците во населбата и ќе трае сè до целосно санирање на дефектот.
Екипите се на терен и работат на отстранување на проблемот, по што водоснабдувањето ќе биде нормализирано. Од надлежните апелираат до граѓаните за трпение и разбирање додека траат активностите.