На денешен ден – 19 февруари роден е Никола Коперник, еден од најголемите астрономи на сите времиња
1473 – Роден е Никола Коперник, полски астроном, еден од најголемите астрономи на сите времиња. Поаѓајќи од теоријата на грчките астрономи, кои сметале дека Сонцето е центар на светот, а Земјата и другите планети кружат околу него, Коперник ја формулирал теоријата на хелиоцентричниот систем и со тоа ги поставил основите на модерната астрономија. Умрел на 24 мај 1543 година.