Вештини на иднината

Во Битола денес се одржува завршниот настан на програмата „Вештини на иднината“, насочена кон унапредување на знаењата и вештините на вработените во АД ЕСМ. Oваа иницијатива, имплементирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и поддржана од Јапонскиот фонд за техничка соработка и Bloomberg Philanthropies, овозможи унапредување на вештините на над 600 вработени во AД ЕСМ. Програмата обезбеди обуки во разни области од суштинско значење за праведната, инклузивна и одржлива енергетска транзиција, значително зајакнувајќи ја институционалната подготвеност на ЕСМ.

На настанот беа прикажани реализираните активности, постигнатите резултати и вкупното влијание на програмата врз развојот на човечките ресурси во ЕСМ.

Воедно,беа претставени и новите иницијативи што ЕБОР ги подготвува за поддршка на праведната транзиција, како продолжение на досегашните активности. На настанот свое обраќање имаше Сања Божиновска, Министерка за енергетика, рударство и минерални ресурси. Се обрати и Рeџеп Асани, Заменик Генерален директор, АД ЕСМ.

Текст и фото: Апла.мк


1216

Задолжително

Verified by MonsterInsights