Роаминг-трошоците исчезнуваат – граѓаните на Македонија ќе користат мобилни услуги како во ЕУ!

Денеска Европската комисија предложи отворање на преговори за укинување на роаминг-трошоците помеѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија. Ова значи дека во иднина граѓаните ќе можат да патуваат, да работат или да учат во Европа без дополнителни трошоци за мобилни повици и интернет, како што тоа веќе важи за земјите членки на ЕУ.

Вчера, Владата ги усвои измените на Законот за електронски комуникации, создавајќи правна и институционална основа за Македонија да влезе во преговорите и да се усогласи со европските стандарди во оваа област. Следниот чекор е Европскиот совет да го одобри официјалното отворање на преговорите со ЕУ и партнерските земји од Западен Балкан.

Откако преговорите ќе завршат и усогласувањата ќе бидат спроведени, македонските граѓани ќе можат да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни трошоци за роаминг. Со тоа се паѓаат критиките дека Македонија заостанува, бидејќи се покажува дека земјата активно работи на интеграцијата и на конкретни мерки кои го олеснуваат секојдневниот живот на граѓаните.

Ова е уште еден конкретен резултат од заложбите за поголема европска интеграција и подобар живот за сите граѓани на Македонија.


1192

Задолжително

Verified by MonsterInsights