Започна изградбата на нов паркинг на СТУ9 во старата касарна во Битола

Во старата касарна во Битола денеска официјално започна реализацијата на проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, кој ќе обезбеди современа инфраструктура за жителите и посетителите на овој дел од градот. Проектот опфаќа изградба на коловоз, поставување на атмосферска канализација и улично осветлување, со што се овозможува функционално и безбедно паркирање.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со претставници на изведувачите и надлежните служби, ја посети локацијата каде што започнаа градежните активности. На средбата, Коњановски истакна дека овој проект е дел од долгорочната стратегија на Општина Битола за унапредување на урбаната инфраструктура и создавање услови за поудобен живот во градот.

Паркингот ќе има асфалтна површина од 1550 м², обезбедувајќи доволен капацитет за возилата во населбата. Вредноста на проектот изнесува 7.382.097 денари, средства кои Општина Битола ги обезбеди преку вториот повик на Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски.

Изградбата на паркингот ќе придонесе за редовен и безбеден сообраќај во оваа урбана зона, како и за намалување на проблемот со паркирање во густо населените делови на градот. Со овој проект, жителите на СТУ9 и околните области ќе имаат поефикасна инфраструктурна поддршка, а целиот просторот ќе биде дополнително уреден и функционален.

Од Општина Битола најавуваат дека реализацијата на проектот ќе се следи континуирано, со цел завршување на работите во предвидениот рок и со висок квалитет на изведба.


1241

Задолжително

Verified by MonsterInsights