Синоќа евакуираните жени ги пречека министерот Муцунски со ружи по повод 8-ми март: 151 македонски државјанин безбедно се евакуирани од Обединетите Арапски Емирати

На Меѓународниот аеродром Скопје вечерва пристигнаа 151 патник, македонски државјани кои претходно престојувале во Обединетите Арапски Емирати и кои успешно беа евакуирани и вратени во земјата.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека процесот на евакуација бил целосно координиран од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во соработка со другите надлежни институции.

„Вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 151 патник, како дел од групата македонски државјани кои престојуваа во Обединетите Арапски Емирати и кои успешно и безбедно беа евакуирани и вратени во државата“, соопшти Муцунски.

Тој додаде дека операцијата уште еднаш ја потврдува подготвеноста на институциите да реагираат брзо и координирано во услови на кризни ситуации.

Според најавите од Министерството, во наредните денови се очекува да биде финализирана и евакуацијата на останатите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја на Блискиот Исток.


1135

Задолжително

Verified by MonsterInsights