АТИНА ПРЕКРИЕНА СО ПЕСОК ОД САХАРА, АПОКАЛИПТИЧКИ СЦЕНИ НА ОСТРОВОТ КРИТ
Грчките метеоролози најавуваат нов бран на голема концентрација на прашина од Африка, кој ќе ја зафати земјата денеска и ќе трае сè до четврток. Овој природен феномен, кој е чест поради географската близина со Сахара, годинава предизвикува алармантни бројки во однос на квалитетот на воздухот. Според податоците на платформата IQAir, концентрацијата на опасните ПМ 2,5 честички во Грција е зголемена за дури 30 проценти, што ја става земјата во групата на европски држави со најголем раст на аерозагадувањето.
• Феноменот е предизвикан од екстремно силни ветрови кои доаѓаат од пустините во Либија и Египет, носејќи со себе ситен песок кој ја прекри целата инфраструктура на островот.
• Покрај прашината, Грција е погодена и од невреме со ветрови кои локално надминуваат 100 км/ч, што создава дополнителни проблеми за патниците за време на велигденските празници.
• Здравствените власти издадоа итна препорака за лицата со респираторни проблеми и астма да не излегуваат на отворено поради екстремното загадување на воздухот.
• Метеоролошките станици предвидуваат дека овој „задушувачки“ бран ќе се задржи над јужните делови на Грција во текот на целиот ден пред да започне постепено повлекување.
⠀
Грчкиот остров Крит изгледа како сцена од научно-фантастичен филм откако масивен облак од сахарска прашина целосно ја блокираше видливоста и го парализираше авиосообраќајот.
Истражувањето, кое опфати над 9.000 градови ширум светот, открива дека само мал дел од нив ги исполнуваат препораките на Светската здравствена организација (СЗО). Во Грција, најкритична е состојбата во центарот на Атина, каде се измерени 14,7 микрограми на кубен метар, што е речиси трипати повеќе од безбедната граница од 5 μg/m³. Покрај прашината од Сахара, на влошувањето на состојбата влијаеле и чадот од големите пожари во Северна Америка, како и локалната индустриска активност. Експертите потсетуваат дека овие ситни честички лесно навлегуваат во крвотокот и се одговорни за голем број предвремени смртни случаи на ниво на ЕУ.