Михајловски назначен за нов директор на КИЦ Битола
Димитар Михајловски е новиот директор на Јавната општинска установа Културно-информативен центар (ЈОУ КИЦ) Битола.
Тој на оваа раководна функција доаѓа од НУ Народен театар Битола, каде што стекнал значително искуство во организацијата на културни настани.
Михајловски е роден во Битола на 20 февруари 1977 година. Средното образование го завршил во родниот град, а дипломирал на Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ во Скопје, на Факултетот за филмски уметности, каде што се стекнал со звање филмски уметник – продуцент.
Новиот директор зад себе има повеќе од 20 години работно искуство, во кое реализирал голем број проекти како продуцент и организатор на театарски, филмски, музички и други културни настани.