Општина Битола и пожарникарите со заедничко решение

Општина Битола постигна договор со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица за решавање на долгогодишен индивидуален работен спор, со што ќе се изврши исплата на разликата во плати за периодот од ноември 2022 до февруари 2025 година.

Со потпишувањето на спогодбата се избегнуваат судски постапки, а исплатата на средствата започнува веднаш. Од локалната самоуправа информираат дека со оваа мерка се затвора едно од последните отворени прашања поврзани со финансиските обврски кон вработените во противпожарната единица.

Претставници на општината посочиле дека уште на почетокот на мандатот биле запознаени со наталожените проблеми и неисплатени обврски, по што постепено се пристапило кон нивно решавање, вклучително и усогласување со колективниот договор. Како дел од процесот, било прифатено и вештачењето за утврдување на износите што треба да им бидат исплатени на пожарникарите за веќе извршената работа.

Од општината нагласуваат дека со оваа последна спогодба целосно ќе се заокружи исплатата на сите преостанати побарувања.

На средбата, пожарникарите биле информирани и за напредокот во изградбата на новиот објект на противпожарната единица во Битола, кој треба да обезбеди значително подобри услови за работа.


1200

Задолжително

Verified by MonsterInsights