Мицкоски: Иднината не ја чекаме – ја создаваме со знаење и технологија
На Германско-македонскиот бизнис самит 2026 во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски порача дека дигиталната трансформација е национален приоритет и клуч за економскиот развој.
Тој истакна дека Македонија мора да гради модерна и конкурентна економија базирана на технологија, иновации и знаење, а не на евтина работна сила.
„Иднината не ја чекаме — ја создаваме. Со партнерство, технологија и доверба“, порача Мицкоски.
Премиерот ја нагласи и важноста на германските инвестиции, оценувајќи дека германските компании носат нови стандарди, технолошко знаење и современи деловни практики во македонската економија.