Заканувачки пораки на седмооделенец од Битола го вклучија алармот кај институциите, полицијата во цивил ќе присуствува за време на наставата
Родителот на седмоодделенецот од ОУ „Стив Наумов“ Битола, кој на социјалните мрежи се заканил дека ќе ги убие оние ученици кои се на неговиот список-денеска на информативен разговор во полиција.
Ваквите информации предизвикале страв и вознемиреност кај родителите.
ИЗЈАВА Сања Стаматова-портпарол на СВР Битола
„Секторот за внатрешни работи Битола постапува по насоки на ОЈО Битола, во врска со пријава на родители од деца ученици од ОУ „Стив Наумов“-Битола. Во врска со случајот во СВР Битола повикан е родител на детето и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.“
Основното јавно обвинителство Битола веќе врши проверки на наводите.
ТЕЛОП Основно јавно обвинителство Битола
„До ОЈО Битола е доставена пријава, се вршат проверки на наводите во соработка со Центарот за социјални работи, бидејќи пријавеното дете е под возраста за кривична одговорност.“
Вчера од ОУ „Стив Наумов“ Битола соопштија дека иако содржините не биле објавувани во рамките на училиштето, ниту за време на наставниот процес во училиштето, по добиената претставка од група родители до ДПИ, училиштето без одлагање ги известило Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи и подрачното одделение за образование на општина Битола, со цел случајот целосно да се испита и понатаму институционално да се постапува по истиот.
Полицијата во цивил ќе присуствува за време на наставата додека институциите го следат случајот. Претходно за медиумите, директорот на училиштето изјави дека не е утврдена директна закана за убиство.