Автопатот Прилеп-Битола ќе го скрати патувањето Скопје-Атина за три часа

Според Николоски веќе следната година едната страна од автопатот ќе биде целосно завршена и граѓаните ќе можат да возат по нов асфалт, додека комплетното автопатско решение се очекува да биде финализирано до 2029 година

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“.

Според Николоски веќе следната година едната страна од автопатот ќе биде целосно завршена и граѓаните ќе можат да возат по нов асфалт, додека комплетното автопатско решение се очекува да биде финализирано до 2029 година.

„Автопатот Прилеп-Битола од една страна е нешто што е дамнешна желба. Од друга страна, веќе влезе во паневропските коридори. Тој коридор кога ќе биде завршен и од македонска и од грчка страна, ќе го скрати патувањето помеѓу Скопје и Атина за некаде до 3 часа, што многу ќе значи за економијата и за бизнисот. Едната страна од автопатот ќе биде целосно завршена веќе следната година, а комплетното автопатско решение заедно со сите споредни инфраструктурни објекти како: клучки, натпатници и споредни патишта, се очекува да биде финализирано до 2029 година“, истакна вицепремиерот.

Според Николоски, новиот автопат ќе биде значајна алтернатива на Коридорот 10- д и ќе овозможи побрзо поврзување меѓу Скопје и Атина.

https://netpress.com.mk/ne-e-dovolno-samo-da-se-kupat-novi-vozovi-potrebna-e-obuka-na-vrvni-mashinovozachi-za-novata-era-na-zhelezniczata

1216

Задолжително

Verified by MonsterInsights