Општина Битола и УКЛО објавуваат повик за универзитетска летна пракса за 2026 година

Општина Битола и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС, и оваа година ја продолжуваат заедничката програма „Универзитетска летна пракса“, насочена кон унапредување на практичните вештини на студентите.

Програмата, која се реализира трета година по ред, претставува можност за студентите на УКЛО да стекнат практично искуство преку ангажман во одделенијата на Општина Битола и во јавните претпријатија. Со оваа иницијатива се овозможува директна поврзаност помеѓу академското знаење и реалните потреби на локалната самоуправа.

Во рамките на повикот ќе бидат вклучени вкупно 40 студенти, кои ќе ја изведуваат практиканската работа во текот на месеците јули, август и септември. Секој избран студент ќе има можност да реализира едномесечна пракса во одредена институција.

Како поддршка за нивниот ангажман, студентите ќе добиваат месечен нето надомест во износ од 10.000 денари, кој е обезбеден од Општина Битола.

Повеќе информации за програмата се достапни на официјалната веб-страница на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.


1158

Задолжително

Verified by MonsterInsights