Патник каснал член на екипажот, итно пренасочен авион кој летал кон САД

Авион на австралиската авиокомпанија Квантас, кој летал за САД, бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот.

Авионот во петокот полетал од Мелбурн за Далас, но бил принуден да слета во главниот град на Француска Полинезија, Папете, поради патник под дејство на алкохол.Проблематичниот патник откако каснал член на екипажот бил совладан од патниците.

По слетувањето во Папете мажот е приведен и му е изречена забрана за летање со сите авиони на Квантас.

– Безбедноста на нашите патници и екипажот се главен приоритет и имаме нулта толеранција за деструктивно или заканувачко однесување на нашите летови, изјави денеска портпаролот на Квантас.


1135

Задолжително

Verified by MonsterInsights