Прекин во водоснабдувањето во с. Кравари на 01 јули 2026 поради технички зафат

ЈКП „Водовод“ Битола информира дека на ден 01.07.2026 година (среда) ќе биде извршен планиран технички зафат на водоводната мрежа во населеното место Кравари, поради што ќе дојде до прекин на водоснабдувањето во одреден дел од селото.

Без водоснабдување ќе останат корисниците од потегот кој се протега од црквата „Св. Богородица“ до фабриката „Кромберг & Шуберт“. Прекинот е неопходен заради реализација на интервенции на мрежата, со цел подобрување на нејзината функционалност и обезбедување постабилно снабдување во иднина.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во 08:30 часот, а ќе трае до целосно завршување на активностите на терен. Од претпријатието посочуваат дека времетраењето може да зависи од техничките услови и текот на работите.

ЈКП „Водовод“ Битола апелира до граѓаните од засегнатото подрачје навремено да обезбедат резерви на вода за основни потреби во периодот на прекинот и изразува благодарност за разбирањето и трпението додека трае интервенцијата.

По завршување на работите, водоснабдувањето ќе биде нормализирано во најкус можен рок.


1153

Задолжително

Verified by MonsterInsights