ЗАПОЧНА ДОПОЛНИТЕЛНАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО БИТОЛА

Општина Битола, во соработка со Центарот за јавно здравје – Битола, денес ја започна дополнителната, вонредна дезинсекција против комарци, како превентивна мерка за заштита на јавното здравје.

Активностите се спроведуваат поради потребата од засилена контрола на комарците, особено по прогласувањето на епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје.

Градоначалникот Тони Коњановски информираше дека деновиве се спроведува ларвицидна дезинсекција, додека од 23 до 27 август ќе се реализира и адултицидно третирање на возрасните форми на комарци. Тој посочи дека Општина Битола превентивните мерки ги спроведува континуирано од 2005 година.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Светлана Поповска Кљусева, истакна дека оваа година во Битола нема регистриран случај на западнонилска треска, но нагласи дека комарците се преносители на повеќе заразни заболувања.

Од ЦЈЗ апелираат граѓаните активно да придонесат во превенцијата: да ги отстрануваат застојаните води во дворовите, саксиите и садовите, да ги чистат олуците и да ги покриваат бунарите и резервоарите. Се препорачува и употреба на заштитни мрежи и репеленти, како и избегнување престој на отворено во периодите кога комарците се најактивни.

Општина Битола продолжува со координација со здравствените институции и внимателно ја следи епидемиолошката состојба, со навремено преземање на дополнителни мерки доколку тоа го наложи проценката на ризикот


1123

Задолжително

Verified by MonsterInsights