Водоснабдувањето во Битола постепено се нормализира

По отстранувањето на дефектот, водоснабдителниот систем во Битола постепено се враќа во нормален режим на работа.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола информираат дека резервоарите во моментов се полнат, а системот контролирано се стабилизира. Овој процес се одвива постепено за да се избегнат нагли промени на притисокот и евентуална појава на хидрауличен удар во мрежата.
Поради постепеното стабилизирање, во одредени делови од градот, особено во повисоките населени места, притисокот сè уште може да биде намален. Со достигнувањето на потребното ниво во резервоарите, се очекува притисокот постепено да се врати на вообичаените вредности.
Екипите на ЈКП „Водовод“ – Битола остануваат на терен и континуирано ја следат состојбата, со цел целосно нормализирање и стабилно функционирање на водоснабдителниот систем.


1125

Задолжително

Verified by MonsterInsights