НОВА МОЖНОСТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО РЕК „БИТОЛА“: Поволности за студирање за нив и за нивните семејства

Нова можност за образование и професионално усовршување се отвора за вработените во РЕК „Битола“ и членовите на нивните најтесни семејства.

Меѓународниот Славјански Универзитет и Синдикалната организација на АД ЕЛЕМ – Синдикална подружница на РЕК „Битола“, денес потпишаа договор со кој се обезбедуваат посебни корпоративни поволности за студирање на сите факултети и студиски циклуси на Универзитетот.

Договорот го потпишаа проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународниот Славјански Универзитет, и Васко Перчаковски, претседател на Синдикалната подружница на РЕК „Битола“.

Поволностите се однесуваат на условите за студирање и плаќањето на школарината, со што на вработените во РЕК „Битола“ и нивните најблиски им се олеснува пристапот до високо образование и дополнително професионално усовршување.

Интересот за студирање веќе постои – голем број вработени во РЕК „Битола“, како и членови на нивните семејства, се дел од академската заедница на МСУ. Со денешниот договор, досегашната соработка добива официјална рамка и дополнителен поттик.

Од двете страни очекуваат партнерството да создаде нови можности за стекнување знаења, професионален напредок и инвестирање во иднината на вработените и нивните семејства.

Знаењето е капитал, а новата соработка им отвора врата на вработените во РЕК „Битола“ кон нови образовни и професионални можности.


1133

Задолжително

Verified by MonsterInsights