30 МЛАДИ ЌЕ ДОБИЈАТ МОЖНОСТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДОБРА ЛОКАЛНА ЗАЕДНИЦА

Општина Битола, во соработка со Институт Охрид, упати повик до младите на возраст од 15 до 29 години да се пријават за учество во проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации.

Во рамки на проектот, од Битола ќе бидат избрани 30 млади лица кои ќе добијат можност да стекнат нови знаења и вештини, да ги истражуваат предизвиците со кои се соочува локалната заедница, да разменуваат идеи и заеднички да развиваат конкретни предлози и решенија.

Програмата ќе се реализира низ четири меѓусебно поврзани фази, во кои учесниците ќе работат во тимови, ќе развиваат сопствени иницијативи и ќе имаат можност своите идеи и решенија да ги претстават пред локалната заедница.

За учество не е потребно претходно искуство во младински организации, иницијативи или проекти. Од организаторите посочуваат дека најважни се мотивацијата, интересот за локалната заедница и желбата младите активно да придонесат за нејзино подобрување.

Заинтересираните млади од Битола можат да се пријават преку електронскиот формулар, а крајниот рок за пријавување е 25 август 2026 година.

Проектот ЛАПСИ го спроведува Институт Охрид во рамки на регионалната програма „BOOST“, координирана од „ALDA – European Association for Local Democracy“, со финансиска поддршка од „Agence Française de Développement“ (AFD).

Пријавувањето е достапно преку: пријавниот формулар.


1126

Задолжително

Verified by MonsterInsights