БИТОЛСКИ ТЕАТАР НА ФЕСТИВАЛИ ВО САРАНДА, СТРУМИЦА И ПРИЛЕП ВО СЕПТЕМВРИ
Со богат и разновиден репертоар, Народен театар Битола ја отвора новата театарска сезона во септември.
На сцената публиката ја очекуваат „Едмонд“, „Госпоѓа Бовари“, „Странецот“, „Унна“ – гостување на Ѕвездара театар од Белград,Србија, „Ричард III“, „Пламенка“, „Пинокио“, „Жиголо“, „На отворено море“, „Кориолан“ и „Секстет“.
Септември во НУ Народен театар Битола носи и гостувања. Па така на 11 септември „Едмонд“ ќе биде изведена во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица. На 18. септември „Пинокио“ гостува на детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“ во Прилеп, а на 25 септември е предвидено гостување со „Кориолан“ на „Magical Nights in Butrint“ во Саранда, Албанија.