ПАРИ ЗА СИТЕ ОСНОВЦИ ВО НОВАЦИ: ЕДНИ ДОБИВААТ 6.000, ПРВАЧИЊАТА ДУРИ 10.000 ДЕНАРИ!

Сите ученици во основното образование во Општина Новаци ќе добијат еднократна финансиска поддршка по повод почетокот на новата учебна година.

Одлуката била донесена на денешната седница на Советот на Општина Новаци, со која се предвидува учениците од прво одделение да добијат ваучери во вредност од 10.000 денари, додека учениците од второ до деветто одделение ќе добијат ваучери во износ од по 6.000 денари.

Од Општина Новаци посочуваат дека мерката има за цел да им помогне на семејствата полесно да ги покријат трошоците поврзани со почетокот на новата учебна година.

„Со оваа мерка сакаме да им помогнеме на родителите полесно да ги обезбедат потребните средства за почетокот на учебната година и да покажеме дека грижата за децата, образованието и поддршката на семејствата остануваат наш приоритет“, изјавил градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

За добивање на ваучерите потребно е да се достави потврда за редовен ученик, во која ќе биде наведено одделението што го посетува ученикот, како и лична карта и трансакциска сметка од еден од родителите.

Потребната документација ќе се доставува кај наставниците во училиштата.

Со оваа одлука, Општина Новаци испраќа силна порака дека вложувањето во децата и образованието останува еден од главните приоритети, особено во период кога почетокот на учебната година претставува значителен финансиски трошок за голем број семејства.

На сите ученици им е посакана успешна, среќна и исполнета нова учебна година.


1093

Задолжително

Verified by MonsterInsights