Општина Битола објави јавен повик за унапредување на туризмот

Општина Битола објави јавен повик за доделување финансиски средства на здруженија кои реализираат активности насочени кон унапредување и развој на туризмот на територијата на општината.

Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Битола, согласно Програмата за туризам за 2026 година, а целта е поддршка на активности и проекти кои придонесуваат за развој и промоција на туристичкиот потенцијал на Битола.

На јавниот повик можат да аплицираат здруженија кои ги исполнуваат утврдените услови. Тие треба да бидат регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, да имаат седиште на територијата на Општина Битола и во својата програма и цели да имаат опфатено активности од областа на туризмот.

Јавниот повик е објавен на официјалната веб-страница на Општина Битола и ќе биде отворен до 6 октомври 2026 година.

За условите за аплицирање, потребната документација, начинот на поднесување на пријавите и останатите детали, заинтересираните здруженија можат да се информираат во целосниот текст на јавниот повик.

Јавен повик – Туризам 2026, Општина Битола


1093

Задолжително

Verified by MonsterInsights