Вински фестивал со музика во живо на 31 октомври и 1 ноември во Bliss Mall во Битола
Љубителите на виното, добрата храна и музиката претстојниот викенд ќе имаат можност да уживаат во вински фестивал во Bliss Mall & Retail Park во Битола. Настанот ќе се одржи на 31 октомври и 1 ноември, со учество на познати винарии, гастрономски специјалитети и музичка програма во живо.
Фестивалот ќе понуди можност посетителите да откријат различни вина, да уживаат во вкусна храна и да поминат викенд во празнична атмосфера, збогатена со настапи на музички изведувачи.
Во сабота, 31 октомври, музичката програма ќе ја предводат The Boyz и Sound Waves, додека во недела, 1 ноември, пред посетителите ќе настапат N.A.L.A band, Димитар Андоновски и Dona & Friends.
Музичките настапи се најавени во периодот од 13:30 до 16:30 часот.
Винскиот фестивал е можност за дружење, откривање нови вкусови и уживање во музиката, со содржини што ги обединуваат љубителите на виното и добрата забава.
Настанот ќе се одржи во Bliss Mall & Retail Park во Битола, на 31 октомври и 1 ноември.