СЕКОЈ Е ШАМПИОН – БИТОЛА СО СПОРТ БЕЗ БАРИЕРИ

Советот за социјална заштита на Општина Битола, во соработка со ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола и граѓанскиот сектор, организираше Инклузивен спортски ден, посветен на еднаквите можности, дружењето и спортот достапен за сите.

Настанот испрати силна порака дека секој човек заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен, без разлика на предизвиците со кои се соочува.

„Шампион не е само оној што освојува медал, туку секој што храбро чекори напред, ги надминува предизвиците и верува во себе“, истакна претседателката на Советот за социјална заштита, Марина Крстиќ.

Посебна благодарност беше упатена до спортските работници, спортските клубови, здруженијата, академиите, училиштата, ресурсните центри и сите граѓани кои го поддржаа настанот и придонесоа за неговата реализација.

Пораката од Инклузивниот спортски ден е јасна: Битола треба да биде град во кој различностите се прифаќаат, еднаквите можности се достапни за сите, а спортот ги поврзува луѓето и ги руши бариерите.

Затоа што секој е шампион кога ќе добие можност да учествува, да напредува и да биде дел од заедницата.


1132

Задолжително

Verified by MonsterInsights