ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ВО СКОПЈЕ ПО ПРВОТО МЕСТО

Во недела Скопје ќе биде центарот на македонскиот ракомет, а Битола со големи очекувања го испраќа својот Еурофарм Пелистер на големото дерби против Вардар 1961.

Во натпреварот од 9. коло на Суперлигата, закажан за 1 ноември во 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, битолчани ќе имаат можност со победа да го преземат врвот на табелата. Вардар моментално има 16 бода, само еден повеќе од Еурофарм Пелистер, кој по осум одиграни натпревари е на втората позиција со 15 бода.

Пелистер во Скопје не оди само по бодови, туку и по потврда на своите шампионски амбиции. Ова е дерби во кое секој гол има тежина, а мотивот на битолскиот состав е дополнително засилен од поддршката на верните навивачи.

Таму каде што игра Пелистер, таму се и Чкембарите! Се очекува битолската навивачка армија повторно да го обои гостувањето во зелено-бело и со својата препознатлива страст да им даде силна поддршка на ракометарите. За Чкембарите ова не е обично гостување, туку уште една можност да покажат дека Битола живее за Пелистер.

Еден бод ја дели Битола од лидерската позиција, а недела е денот кога зелено-белите ќе ја бараат својата шанса. Вардар ќе има домашен терен, но Пелистер ќе ја има поддршката на својата публика.

Сите патишта водат кон Скопје – Пелистер и Чкембари заедно во поход по врвот!


1108

Задолжително

Verified by MonsterInsights