Камбек на „Чоканче“ со „Игра рок ен рол цела Македонија“
После подолго време битолската рок ен рол дружина „Чоканче“ се враќа во етерот со нов аудио запис. Песната датира од пред 7 години, но е финализирана дури минатиот месец.
„Чистокрвна рок ен рол музичка приказна во која проткајува еден искрен, обичен опис на секојдневието во Македонија“ – велат од бендот.
Снимена е во студиото на Влатко Симоновски во Битола, кој самиот е и снимател и продуцент на песната.
Тапаните ги снимил Иле Лулевски, гитарите Зоран Илиевски- Скроч, вокалите ги пее Бранко Шољриќ – Паљач, бас ири Крсте Симоновски – Крчо, а втора гитара Игор Беговски – Ќебап.
Фотографиите во видеомикс со кој е визуелизирана песната ги изработил Иван Михајловиќ.
Како звучи кога во време на лудило, мизерија и политичка агонија – „Игра рок ен рол цела Македонија“, проследете во продолжение:
ČOKANČE `Igra Rok end Rol cela Makedonija` ЧОКАНЧЕ `Игра Рок енд Рол цела Македонија` – YouTube
