5 грешки поради кои скарата ни изпаѓа лошо
Печењето на скара е уметност и вештина стекната преку искуство. За да се испече квалитетно парче месо, потребно е да се избегнат грешките со кои се соочуваат многу почетници.
- Не одвојувате доволно време за маринирање
Скарата ќе биде повкусна ако ја маринирате во масло и зачини неколку часа пред печењето, а идеално цела вечер пред готвењето. Не заборавајте да додадете малку киселина во маринадата, како сок од лимон или оцет , бидејќи тоа ќе го спречи развојот на хетероциклични амини на високи температури на пржење, кои се сметаат за канцерогени.
- Избегнувате користење на дополнителни масти
Посното месо како пилешко и мисирка ќе се залепи за решетките од скарата ако не ги подмачкате. Натопете хартијата со масло или путер , а потоа поминете преку загреаните решетки пред да ги ставите парчињата месо врз нив.
- Ставате ладното месо на скарата
Исто како што не би ставиле ладен стек во тава, пожелно е да го оставите маринираното месо да достигне собна температура пред да го ставите на решетка за скара. Така нема да го „шокирате“ месото со топлина и подобро ќе се испече и ќе има подобра боја.
- Премногу го вртите месото
Откако ќе ставите парче месо на скара, подобро е да го вртите и поместувате што помалку. Имено, дополнителен вкус на месото му дава карамелизирањето на површината, што настанува кога парче месо се пече на вистинска температура и во вистинска временска рамка.
Кога мислите дека е време да ги превртите шницлите, нежно обидете се да го одделите месото од решетката со машата. Ако месото се „лепи“ за скара , а сте го подмачкале со масло, тоа е знак дека треба да го оставите да се пече уште неколку минути за да добиете убава карамелизирана површина.
- Не дозволувате месото да се одмори
За да се стабилизираат соковите во месото и да остане сочен вашиот стек, секое парче треба да се „одмори“. Откако ќе го испечете месото, завиткајте го во алуминиумска фолија и оставете го да отстои половина од вкупната термичка обработка. Алуминиумската фолија ќе ја задржи топлината, а ќе добиете вкусно парче месо.
Добар апетит!