Решен повеќегодишен проблем со водоснабдувањето во Македонски Брод

Општина Македонски Брод даде известување дека прекинот на водоснабдувањето во Македонски Брод и населените места кои се снабдуваат со вода од регионалниот водовод „Студенчица“ е поради решавање на еден повеќе децениски проблем.
Конкретно, се изведуваа две активности за подобрување на водоснабдувањето: едната активност се спроведува на градскиот резервоар , каде се врши замена на 2 вентили Ф225 кои поради долгогодишното експлоатирање воопшто не беа во функција и втората активност е реконструкција на дел од потисниот цевковод Ф225 од ниската зона на градот Македонски Брод, кој поминува преку мостот на реката Треска.
Со решавањето на овој повеќегодишен проблем се обезбедува квалитетно, континуирано и безбедно водоснабдување на Македонски Брод и населените места кои се приклучени на регионалниот водовод „Студенчица“.



1161

Задолжително

Verified by MonsterInsights