ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА СВЕТИТЕ РАМНОАПОСТОЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ!

Светиот Рамоапостолен Кирил рекол, да се учи без азбука и без книги е исто како да се пишува беседа на вода, така и Македонците се вечно благодарни на Кирило-Методиевата мисија со која ни овозможија нам и на сите народи на Истокот во Европа да го спознаат словото Божјо, сами да ја создаваат и пренесуваат својата култура и традиција, самите да ја запишат сопствената историја!
Папата Лав XIII во 1880 година го вовел чествувањето на солунските браќа светите Кирил и Методиј за целокупната христијанска црква. Папата Павле VI во 1964 година со одлука солунските браќа Светите Кирил и Методиј Македонците ги прогласил за сопокровители на Европа. Папата Јован Павле II во 1980 година солунските браќа Светите Кирил и Методиј Македонците со одлука ги прогласува за патрони на Европа. Папата Франциск на ауденција на 30 октомври 2019 година во Ватикан потврди дека христијанството во Европа доаѓа од Македонија!
Македонците им благодарат на светите солунски и македонски браќа Кирил и Методиј за описменувањето и образованието како основни универзални и европски вредности, како и на сите кои по нив го продолжија нивното дело.
Писмени односно словени и од Бога благословени, со почит кон Македонскиот јазик, писмо и култура, остануваме достојни на делото кое го продолжуваме во Македонија и од Охрид кон сите народи во Европа!
Нека е вечно нивното име и нека ни е за многу години големиот државен празник посветен на солунските браќа Светите Рамноапостоли Кирил и Методиј Македонците!


1097

Задолжително

Verified by MonsterInsights