МАКЕДОНКА ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ЗА МИС УНИВЕРЗУМ НА АВСТРАЛИЈА
Џесинта Пизата (Jacinta Pizzata), девојка со македонски корени, е учесничка во изборот на Западна Австралија за Мис Универзум на Австралија.
Џесинта е сопственик на две дипломи, дипломира на право и на новинарство на Универзитетот Куртин, а моментално работи со полно работно време како адвокат.
Оваа година, презеде нов предизвик, Џесинта влезе во натпревар за Мис Универзум Австралија за 2022 година и беше избрана за Државна финалистка за Западна Австралија меѓу 35 други девојки.
Џесинта има претходно манекенско искуство што и’ дало самодоверба да влезе во конкуренцијата и млада да го освои Моделот на иднината на Роки Беј. Минатата недела таа беше избрана со уште 5 девојки за национален финалист и сега ќе ја претставува Западна Австралија на националното финале за да се натпреварува за титулата Мис Универзум Австралија во септември.
Пеланет упатува искрени честитки на Џесинта и и’ посакува успех во националното финале.



