Министерската за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска која е во дводневна официјална посета на Македонија, денеска дојде и во Битола заради инцидентот кој се случи во бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“. Таа претпладнево во Скопје имаше средба со нејзиниот македонски колега Бујар Османи по што тргна за Битола.

„Началникот на полицијата во Битола ме увери дека преземени се сите мерки на ниво дежурен обвинител, криминалисти и во најбрзо време ќе дадат резултати и се надеваме на работа на судот за да има конечна разрешница“ рече Генчовска.

Беше прашана дали овој иницедент ќе ги наруши односите меѓу девете земји во ситуација кога се водат преговори за тргање на ветото на Бугарија за старт на преговорите на Македонија со ЕУ.

„Ова ќе биде доказ од Република Северна Македонија дека навистина се вложува сила за борба против говорот на омраза“ рече таа.

Министерската за надворешни работи на Бугарија, рече дека од Битола се враќа во Скопје каде продолжуваат преговорите меѓу двете министерства.

Извор: ТВ Тера, Битола


1362