March 29, 2024

21 година од загинувањето на Пеце Матичевски

Денес, по повод 21 година од загинувањето на Пеце Матичевски, кој беше кукавички убиен за време на воениот конфликт во 2001 година, Градоначалникот на општина Новаци со претставници од општината и Советот, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште. Пеце Матичевски е наш херој, роден во с.Новаци, на 22.08.1978 година. Како дел од резервниот состав на АРМ, Пеце беше учесник во воениот конфликт во 2001 година. На 5 Јуни 2001 година, кај патот Шипковица – Гајре, во заседа слична на Вејце, загинуваат 5 припадници на АРМ, меѓу кои и Пеце Матичевски. Постхумно, беше одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р.Македонија.

Нека му е вечна слава.


1020