April 18, 2024

Прес конференција на Ердоган Сарач, Претседател на Движењето за национално единство на Турците

Почитувани претставници на средствата за јавно информирање

Како што ве известивме со нашето соопштение од 31.05.2022 година дека по моето враќање од Касатамону –Türkiye ,ќе одржиме посебна прес конференција на која ќе ја известиме јавноста за текот на настаните по однос на отказното решение на нашиот кандидат за градоначалник за Центар Жупа,г-динот Шахин Шакир.

Како ви е позната Шахин Шакир долги години т.е. од времето на отварањето на оваа работно место, непрекинато е Главен архитект или со други зборови Раководител на одделението за Урбанизам за општина Центар Жупа. Досега со сите градоначалници добро сорабатувал и никој немал примедба на неговата работа до локалните избори 2021 година кога Шахин Шакир стана противкандидат на тогашниот градоначалник чие име се срамиме да го споменеме. Знаете дека во првиот круг во 2021 година поради неизлезност, согласно на законот за локални избори, изборите се повторија на 17 април 2022 година. Од датумот на известување на ДИК за неуспешност на изборите Владата на РМ согласно нејзините ингеренцији, лицето кандидат на владејачката структура ја назначи како повереник за таа општина со цел да раководи со општината до изборот на нов градаоначалник и обезбеди учество на граѓаните на следните избори кои ќе бидат закажани од страна на претседателот на Собранието на РМ. На закажаните избори за 17 април 2022 година повторно за кандидат за градоначалник го имавме г-динот Шахин Шакир а од друга страна кандидатот на вадејачката структура,повереникот по нивна мерка кој максимално ги искористи сите ресурси и извори на опшината за да победи. Но повторно немаше излезност и изборите не успеа. Во текот на кампанјата повереникот со најлош можен вокабулар го вреѓаше, без основа го оптужуваше нашиот кандидат , не бирајки средтства и речник да дојде до победа.На неговиот јавен портал на социјалните мрежи го оптужи нашиот кандидат и другите наши истакнати функционери за предавство и дежурни кривци за состојбите во Центар Жупа. Тој како градоначалник наместо после 10 години владеење со општината направи анализа за сработеното од негова страна, тој како дежурен кривец за овие состојби го гледа во Шахин Шакир и му става крај на неговото работно место по сила на законот. Ако низ таа призма на причина се гледа на работниот однос, тогаш се прашуваме кој треба него да го избрка од работа, бидејки никогаш ниту на време доаѓал на работа ниту се јавувал на работа. Ваквиот негов арогантен и узурпаторски однос го доведе во оваа состојба општината Центар Жупа. Ако еден градоначалник со владеење од 10 години не може да обезбеди минимум учество на избори на свои сограѓани, јасно е дека тој не го заслужува тоа работно место. Бидејки Шахин ќе каже нешто повеќе за овие состојби јас ќе завршам со следното. Владата упорно избегнува средба со нашата партија од 10 Март 2022 година до сега,сме приморани преку средствата за јавно информирање, т.е. преку вас да порачаме следното до Владата на РМ:

1. Веднаш да стави карај на овој повереник и создаде услови за нормални, демократси и фер избори,

2. Да ја поништи одлуката на повереникот бидејки дополнителна одлука за продолжување на мандатот по изборите од 17 Април 2022 година нема и веднаш да врати Шахин Шакир на своето работно место,

3. Да го испита финансиските извештаи за локалните избори за градоначалник на општина Центар Жупа на кој начин се обезбедени средства за нашите сограѓани кои живеаат и работат во Италија а на терет на ДПТ или повереникот дојдоа на изборите (Околу 700 гласачи) Овие ставки несе никаде објавени

и не занеме кои се и спонзорите. По оваа основа ги повикуваме и сите надлежни органи и институции на сиостемот да ја проверат оваа ситуација по допрен глас и да дознае јавноста, автобусите од чија страна се платени за да се учествува на критичното гласање. Бидејки овој чин на повереникот пртеставува чин на омраза и нетрпеливост спрема административен работник , уште еднаш најоштро го осудуваме и известуваме јавноста дека вакво дрско однесување мора да биде осудено од сите структури во земјата. Исто така уште еднаш известуваме јавноста во Макединја дека целосно и безусловно стоиме зад Шахин Шакир и со сите демократски средства ќе се бориме да докажеме дека се работи за одмазда а не за повреда на работното место.

А сега збор давам на мојот советник Шахин Шакир,

Бујрун Шахин Беј

На крајот доколку имате прашања , премни сме да ви одговориме.

Балагодарам што ме слушавте и се надевам дека објективно ќе ја информирате јавноста за оваа прес конференција.

Скопје 9.06.2022 година

Ердоган САРАЧ

Претседател


1029