April 19, 2024

БИТОЛЧАНКАТА АНА КОТЕВСКА КОЈА ГО ИСКАЧИ ВРВОТ ЧИМБОРАЗО ДЕНЕС НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа состанок со битолчанката Ана Котевска, која го искачи врвот Чимборазо, најодалечената точка од центарот на земјата, која се наоѓа на 6263 метри надморска височина.

Котевска на состанокот зборуваше за подготовките кои му претходеа на големиот успех, за нејзината голема љубов кон планината, а го долови и прекрасното чувство и поглед кон убавините на Андите. Во досегашниот период Ана има искачено четири врвови на Еквадорските Анди, а со најновиот подвиг, за првпат се искачи на надморска височина над 6000 метри.

Градоначалникот Коњановски и честита на големите успеси, заблагодарувајќи и се што на овој начин покрај што претставува вистински пример за развој и поттикнување на спортскиот дух кај младите, истовремено е и вистински промотор на градот во меѓународни рамки.


1021