Недела на детски филмови на БИТ ФЕСТ
На програмата на БИТ ФЕСТ започнува „Неделата на детски филмови“ со проекција на детскиот анимиран филм „Џиновската круша“ според книгата на Јакоб Мартин Стрид.
Проекцијата со македонска синхронизација почнува во 11.00 часот додека, проекцијата на овој филм со синхронизација на албански јазик е на 07.07 во 13.00 часот. Влезот за филмските проекции кои ќе се одржат во Кино „Манаки“ е бесплатен.
„Неделата на детски филмови“, во организација на Друштвото за филмска продукција „Узенгија“ која општина Битола ја реализира во соработка со Културно информативниот центар, ќе трае до 8 јули, а покрај проекциите на „Џиновската круша“, детската публика, ќе може да ги проследи и проекциите на светски познатите детски филмови како: „Кариран ниџа“, „Хакер“, „Патештествието на принцот“ и „Мираи“.