May 19, 2024

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗОТ НА УЛИЦАТА „НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ“

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на градежните активности за реконструкција на коловозот на улица „Наум Наумовски Борче“. Улицата се реконструира во должина од 373 метри, а истата е дел од проектот за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“, кој општина Битола го реализира оваа градежна сезона. Од овој проект, активностите се завршени на 11 улици, а на 4 се во тек.


1021