April 26, 2024

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО БОДИБИЛДЕРОТ БОЖИДАР ПЕЦАКОВСКИ

Божидар Пецаковски од Битола, член на фитнес клубот „Паљо“, кој на Европското првенство во бодибилдинг во Шпанија, беше финалист и освои петто место, денес имаше средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. На средбата, успешниот бодибилдер беше придружуван од селекторот на бодибилдинг федерацијата на Македонија, Зоран Лазаревски – Паљо.

Пецаковски го информираше градоначалникот Коњановски, дека станува збор за постигнат висок успех во категоријата бодибилдинг сениори до 100 килограми, а резултатот се должи на неговата посветеност, тренинг и здрав начин на живот, за што и претходно имал високи достигнувања, како апсолутен победник: еднаш на државното првенство, а вториот пат на купот “Херкулес Гран При“ во Скопје, каде освоил и “про кард“ со која може да се натпреварува во професионална лига. Пецаковски во април беше победник и во Србија, со освоено прво место на Балканското првенство во категоријата „класик физик“.

Градоначалникот Коњановски, честитајќи му за досегашните резултати на Пецаковски, му посака уште многу нови успеси на државен и меѓународен план.


1038