December 5, 2022

Барса подготвува „бум“ – земи или остави за Баерн!

Фудбалскиот клуб Барселона ја подготвува четвртата и последна понуда за напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.

Сагата околу евентуалниот трансфер на Роберт Левандовски во Барселона ќе има свој епилог деновиве, бидејќи Барселона денеска планира да претстави нова понуда за полскиот напаѓач.

Клубот од „Алијанк Арената“ неодамна соопшти дека Барселона може да го добие Левандовски за 50.000.000 евра, без никакви рати или бонуси, а не се знае каква ќе биде новата понуда од Каталонците.

Затоа, доколку не ги исполни критериумите на германскиот гигант, Барселона ќе остане без посакуваното засилување. Во тој случај, Левандовски, кој бара нов предизвик, би можел да се сврти кон Пари Сен Жермен или Челзи, кои исто така пројавија интерес за него.

Тие директно го контактирале, но Роберт Левандовски одговори негативно, барем засега додека не го види расплетот на настаните со Барса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *