April 19, 2024

Македонските кошаркарски надежи го надиграа Косово

По вчерашниот пораз од Шведска, денеска машката младинска селекција на Македонија се врати на победите. 

Во дуел од  3.коло на Б групата во „Б“ дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 20 години, што се одржува во Тбилиси, Грузија, нашите кошаркарски надежи ја победија селекцијата на Косово со 85-67. 

Со оваа победа црвено-жолтите ги задржаа шансите за пласман во разигрувањето. 

За младинците следуваат два слободни дена, во кои треба добро да се одморат и подготват за можеби решавачкиот натпревар во среда, која ќе играат против домашната селекција на Грузија, која е наш ривал за едно од двете места кои носат пласман во четвртфиналето. 

Превземено од https://sitel.com.mk/makedonskite-kosharkarski-nadezhi-go-nadigraa-kosovo


1028