March 28, 2024

Министерот за здравство Беким Сали побарал вонреден инспекциски надзор во „Жан Митрев“

Министерот за здравство Беким Сали се огласи по сторијата за клиниката „Жан Митрев“ и рече дека во РС Македонија нема недопирливи, а одговорност доколку се утврди ќе има.

„Со особено внимание ја следев истражувачката сторија. Информациите ги примивме со загриженост и сакам да информирам што преземавме како Министерство за здравство и останатите институции. Испративме допис до ДСЗИ веднаш да се направи вонреден инспекциски надзор во болницата. Побарав информации од инспекторатот дали во последните три години се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од истите.

Агенцијата за лекови Малмед иницираше вонреден и надзор во однос на тоа дали е почитувана или не е почитувана потстапката за клиничко испитување на хемофилтрација како метод на лекување на ковид-19. Според првичните информации не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во клиниката и овој наод ќе го добиеме уште во текот на утрешниот ден. Третата постапка е спроведување на бараните стручни надзори во лекувањето на пациентите во клиничката болница „Жан Митрев“. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и ќе го доставам до надлежните институции“, додаде тој.


1044