Честит празник Македонија!

На 8 септември 1991 година, седев пред малиот екран , нашиот тогашен прозорец кон светот и им бев љубоморен на скопјаните, што не бев на плоштадот да ја славам победата на референдумот и прославата за остварувањето на вековниот сон, Независна Македонија.
Сепак, бев вон себе од возбуда и гордост дека сум дел од генерециите кој дочекаа да створат своја Македонска држава и среќен дека и ние конечно ќе имаме своја држава. Чувството беше несекојдневно и тешко може да се опише.
Сега после 31 години, имам чувство дека Македонија ги поминува најтешките моменти од своето постоење, но повторно имам надеж и верба во нашата Македонија, дека е силна, многу посилна од колку што ние мислиме и дека ќе опстани и ќе излези уште посилна од сите овие премрежија.
Да си ми вечна Македонија!!!
