June 8, 2023

Започна собирањето на потписи за распишување на референдум за поништување на договорот со Бугарија

Први се потпишаа претседателот од ОК на ВМРО ДПМНЕ Пеце Милевски, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Битола Олга Лозановска и Силвана Ангелевска

Со одлука на Извршниот комитет каде што се донесе одлука граѓанска иницијатива за собирање на потписи за распишување на референдум, денес во Битола започна собирањето на потписи.-Оваа и наредната недела ќе собереме најмалку 100 квалификувани потписи со што таквата иницијатива ќе биде доставена до Собранието. Собранието во брзи рокови да ја легитимира и одобри иницијативата, по што ќе започнат роковите за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум, стои во соопштението на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а за референдумското прашање стои:-Референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди ИК на партијата: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?Во Битола започна собирањето на потписи, а први се потпишаа градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Пеце Милевски и претеничките во македонскиот парламент Олга Лозановска и Силвана Ангелевска.


1006