May 29, 2023

Општина Новаци партнер во “Форум на градоначалниците – Успешни заедно“

Проектот на USAID за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите чиј партнер е Општина Новаци, организираше “Форум на градоначалниците – Успешни заедно“ за градоначалниците и секретарите од партнер-општините на Проектот од Западна Македонија.
На форумот беше дискутирано како најдобро да се искористи техничката помош на Проектот, клучната улога и посветеноста на градоначалниците во спроведување на активностите поддржани од Проектот, можностите, но и предизвиците со кои се соочуваат градоначалниците во подобрување на ефикасноста во секојдневното работење, се со цел обезбедување на поквалитетни услуги кон граѓаните.


1004