April 16, 2024

Акциска контрола во спортски обложувалници и казина на подрачјето на Битола

На 14.09.2022 во периодот од 18.00 до 22.00 часот, полициски службеници од СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција спроведоа акциска контрола во спортски обложувалници и казина на подрачјето на Битола. Притоа, бил констатиран еден прекршок по член 20 од Законот за игри на среќа, односно во една обложувалница бил затекнат малолетник, кој бил предаден на родителите. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


1017